Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа неверојатен натпревар на „Месталја“ кој на крајот заврши без победник 2-2 како увертира за 24. коло во шпанската Ла лига. Во еден натпревар со многу шанси на двете страни и убав фудбал на крајот најреален беше нерешен исход. Гостите во два наврати водеа, а домаќините успеваа резултатски да се вратат. Атлетико поведе со голот на Љоренте во 15. минута, а на 1-1 израмни Габриел во 40. минута. До крајот на првото полувреме Томас донесе ново водство за гостите од 1-2, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Кондогбија во 59. минута израмни на 2-2, а до крајот и двете екипи имаа убави шанси за победа, но не успеаја да ги затресат мрежите на голманите.
Атлетико Мадрид останува на четврттата позиција на табелата во Ла лига со 40 бода, додека Валенсија е шеста со два бода помалку од денешниот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА