Калиду Кулибали се промовираше во еден од најдобрите светски дефанзивци играјќи за Наполи под водство на Маурицио Сари, но неговиот однос со овој тренер воопшто не бил идеален. Поточно, Кулибали го сменил мислењето за Сари по еден потег на екс-стратегот на „наполитанците“ во јануари 2016 година.
„Сопругата ми се пораѓаше, а ние вечерта имавме натпревар. Побарав од тренерот дозвола да заминам во болницата да бидам крај неа, а тој само ми повторуваше дека сум му неопходен во тимот. Инсистирав, бидејќи требаше да добијам син и му реков дека може да ме казни, но јас ќе одам. На крајот ми дозволи, но пушејќи ја својата цигара ми напомена дека морам да се вратам во одреден рок за да бидам во тимот за време на натпреварот. Го испочитував тоа, но кога се вратив останав во шок бидејќи не бев во стартниот тим. Го прашав што се случува, а тој само кратко ми одговори дека му требам да седам на клупата. Во тој момент стана јасно дека Маурицио Сари е ужасен човек, беше потребен само еден потег за да го потврди тоа“, изјави Кулибали.
Сенегалскиот дефанзивец сезонава се мачи со повреди, тоа сериозно се одрази и на неговата форма, па Кулибали најверојатно ќе го пропушти и следниот дуел на Наполи, на гостувањето против екипата на Калјари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА