УЕФА изненади многумина со ригорозната санкција изречена на Манчестер Сити, но овој случај воопшто немаше да постои доколку не беше Руи Пинто, португалскиоѕ хакер кој под називот „Football Leaks” објави во јавноста илјадници документи за малверзации на клубови ширум Европа.
Токму неговите документи послужија како почетна точка во истрагата на УЕФА, за потоа да бидат обезбедени цврсти докази против актуелниот првак на Англија. Пинто со хакирање стигнал до дури 70 милиони страници документи, од нив ги објави оние најинтересни за јавноста, кои веднаш го привлекоа вниманието на европската куќа на фудбалот.
Против него се поднесени 90 различни обвиненија за измама, хакирање и саботажа, па Пинто се уште е во притвор и ја чека пресудата во процесот против него.
„Знаев дека португалските власти судски ги гонат „свиркачите“, така што морав да бидам подготвен и дека ќе одам во затвор. Тие се плашат од она што јас го знам, затоа е важно да не го загубам разумот. Водев белешки од судењето што ми беа незаконски одземени од ќелијата. Не се виновни чуварите во затворот, туку обвинителите, тие стравуваат од мене“, изјави неодамна Руи Пинто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА