Шкупи непосредно пред продолжението на сезоната ангажираше уште едно засилување, и тоа талентираниот турски голман 18-годишниот Канберк Јурдакул.
Станува збор за еден од најталентираните млади голмани во Турција, член на У19 селекцијата на оваа земја, кој доаѓа од редовите на Бурсаспор. Стручниот штаб на Бурса поради младоста не смета сериозно на Јурдакул до крајот на сезонава, поради што било дадено зелено светло за тој да пристигне во Македонија во обид да собере неопходно искуство.
Тој веќе одработел еден тренинг во новиот клуб, по што управата и стручниот штаб на Шкупи решиле да потпишат договор со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА