Гатузо не простува: Алан се шетал на тренинг, сега ќе гледа фудбал на ТВ

Џенаро Гатузо не трпи недисциплина, тоа на своја кожа го почувствува и Бразилецот Алан, кој беше казнет од тренерот на Наполи со изоставување од тимот за средбата со Калјари. Алан се опорави од повредата и се очекуваше да се најде во стартниот тим, но откако Гатузо не го прочита неговото има на листата на патнициза Сардинија, тренерот на „наполитанците“ даде и објаснување за оваа своја одлука.

„Алан не тренираше онака како што сакав. Се шеташе по терен за време на тренинзите, затоа сега ќе остане дома. Реков по завршувањето на преодниот рок, мора да се трча, во главата да се има само Наполи. Не можам да ги контролирам сите 24-25 фудбалери одделно, тие ги знаат правилата и мора да ги почитуваат“, изјави Гатузо.

Дуелот со Калјари ќе го пропушти и Милик, а неизвесен е настапот на Лоренцо Инсиње. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најверојатно и овој натпревар ќе го почне од првата минута, по одличниот настап против Интер во полуфиналето од Купот на Италија.

Се вчитува...