Вујовиќ: Вардар на сите ни покажа како се игра кога се има проблеми

Вардар го совлада Мотор Запорожје со 38-28 и успеа да обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Бекот на клубот Стеван Вујовиќ вели дека Вардар на сите им покажа како треба да се игра кога се има проблеми, бидејќи и клубот од Запорожје е во слична ситуација.

„Сакам да му честитам на Вардар. Покажаа на сите како треба да се бориш кога е тешко. Ни покажаа и на нас и овој натпревар мора да биде лекција за нас, бидејќи и ние имаме слични проблеми. Тоа е реалната разлика. Им посакувам многу среќа и се надевам дека пак можат да стигнат до финалето“, изјави Вујович. 

Тренерот на тимот Ланевич им ја честиташе победата на Вардарци, велејќи дека клучот за големиот пораз била очајната игра во одбраната.

„Им ја честитам победата на Вардар. Претпоставуваме дека Вардар ќе игра седум на шест, но не успеавме да се спротиставивме. Потфрливме во одбраната и тоа беше клучот во мечот“, изјави Ланевич. 

 

 

 

Се вчитува...