Ливерпул многу потешко од очекувањата стигна до триумф на гостувањето против Норвич, триумфирајќи со 0-1 откако отпорот на „фенерџијата“ беше скршен дури во второто полувреме од натпреварот.
Кратката пауза очигледно остави трага, па на „црвените“ им беше потребно време да влезат во ритам. Во првиот дел доминираа, но без стопроцентни шанси, за во вторите 45 минути да наметнат силна иницијатива што на крајот вроди со плод. Салах и Кеита промашија одлични шанси пред победникот да го реши Садио Мане. Сенегалецот се врати по повредата и блесна во вистински момент, примајќи едно долго додавање на Хендерсон, па потоа со прецизен удар со левата нога матирајќи го Крул.
„Црвените“ со овој триумф сега имаат 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити, па осигурувањето на првата титула по пауза од 30 години е само прашање на време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

