Проблемите на Кике Сетиен во пресрет на клучниот дел од сезоната станаа уште поголеми откако на листата на повредени фудбалери се приклучи и Жорди Алба.
Стандардниот лев бек се повреди во првото полувреме од дуелот со Хетафе, веднаш беше заменет, а Барса преку соопштение обелодени дека станува збор за кинење на мускул на ногата. Времето на рехабилитација не е обелоденето, но во секој случај за ваков вид на повреди следи пауза од најмалку 20 дена.
Во една таква ситуација, јасно е дека Алба сигурно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Наполи, како и претстојното „Ел Класико“ со Реал Мадрид закажано за 1 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА