Марио Балотели не може да побегне од проблеми откако беше обелоденето дека проблематичниот голгетер бил вмешан во секс-скандал поради секс со малолетна девојка.
„Супер Марио“ бил уценуван од девојка, која барала 100.000 евра за да не го пријави во полиција дека имал секс со неа додека уште била малолетна. Тоа се случувало додека Балотели го носел дресот на Ница, но голгетерот веднаш ја пријавил девојката во полиција.
Италијанските медиуми јавуваат дека случајот на обвинителството од Виченца е затворен, а фудбалерот нема да одговара за своите дејствија, но нема детални информации какви последици ќе има врз девојката за обидот за уцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА