Без голови на „Фриули“, Несторовски остана на клупата

Илија Несторовски дефинитивно не е дел од плановите за првиот тим на Удинезе, откако македонскиот ас го проследи од клупата целиот натпревар против Верона што се играше на „Фриули“, а заврши без голови.

За „фриулијаните“ ова беше петти натпревар во низа во кој не успеваат да дојдат до цел плен, а иако „црно-белите“ имаа повеќе од играта, сепак нивниот тренер реши да не го вклучи во тимот Несторовски, кој добива се помала минутажа на последните натпревари.

За Верона ова беше деветти натпревар во серија на кој тимот на Јуриќ не претрпе пораз, со што „веронезите“ останаа на шестото место на табелата.

Се вчитува...