Нејмар е „фит“, ќе игра против Борусија Дортмунд

Томас Тухел ќе ја има на располагање целокупната напаѓачка артилерија на ПСЖ за првиот меч од ЛШ против Борусија Дортмунд, откако и Нејмар ги надмина проблемите со повредата и отпатува со остатокот од тимот за утрешното гостување во Германија.

Бразилецот беше во „аут“ уште од 1 февруари, откако се повреди на дуелот против Монпелје, пропуштајќи ги последните четири средби на „светците“. Лекарскиот тим на ПСЖ успеа да го оспособи Нејмар за настап во Дортмунд, па голгетерот се најде на листата од 21 патник за дуелот со „милионерите“.

Поголемиот дел од повредените првотимци се вратија на располагање на Тухел, кој за утрешниот меч нема да може да смета само на Паредер, Диало и Дагба.

Се вчитува...