Сити останува без трофејот од 2014? – Џерард најзаинтересиран околку конечниот исход

Европската куќа на фудбалот УЕФА, во петокот одлучи да го суспендира на две години англискиот шампион Манчестер Сити поради кршењето на финансискиот фер-плеј во периодот од 2012 до 2016 година. Постои можност клубот да биде исфрлен во четвртиот ранг од натпреварувањата во Англија, а му прети да му биде одземена и титулата од 2014 година. Во тој случај трофејот ќе му биде доделен на Ливерпул што значи дека Стивен Џерард на зелена маса сепак ќе стане првак на Англија, нешто што не му успеа во играчката кариера.

„Многу сум заинтересиран околу конечниот исход. Додека Премиерлигата не ја објави казната нема дополнително да коментирам. Многу сум заинтересиран околу случајот и тоа од очигледни причини“, изјави Џерард. 

Интересно е тоа што токму популарниот Стиви Џи беше главен виновник за тоа што Ливерпул во 2014 не го освои трофејот, бидејќи во клучниот натпревар против Челси направи голем кикс поклонувајќи им ја титулата на големите ривали од Манчестер.

Се вчитува...