Милан синоќа минимално со 1-0 славеше против Торино во 24. коло од Серија А. Росонерите успеаја да дојдат до важни три бода со кои се пробија на осмото место на табелата, сега во активна борба за европската сцена следната сезона.
Единствениот гол на мечот беше дело на Ребиќ во 25. минута од средбата. Милан можеше да слави и поубедливо, но во второто полувреме пропушти неколку одлични можности.
По натпреварот, и покрај триумфот, очигледна беше лутината на Златан Ибрахимовиќ. Тренерот Стефано Пиоли објасни дека неговиот однос по мечот бил поради фактот дека тимот не постигнал повеќе голови.
„Златан беше лут затоа што знаеше дека можеме и мораме многу подобро, и дека мораше мечот да го завршиме многу порано. Мене ми е навистина мило што гледам дека е полн желба за победа, и што максимално амбициозно ја гледа целата екипа“ – вели Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

