Естонскиот селектор Јука Тоијала го објави списокот од 14 кошаркари кои ќе настапат за оваа репрезентација на претстојниот квалификациски меч против Македонија што ќе се игра в четврток во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Естонците дури вчера ги стартуваа подготовките за новиот квалификациски циклус, а Тоијала веднаш ја соопшти одлуката, од списокот од 16 кошаркари да отпаднат двајца шутери, Мартин Пасоја од Калев Крамо и Сајмон Сут, кој настапува во австрискиот прволигаш Оберварт.
„Знаеме дека немаме многу време, но среќен сум од начинот на кој работевме од првиот тренинг. Чувствувам дека имаме одлична атмосфера, ќе работиме квалитетно за да се подготвиме за првите средби од овие квалификации“, изјави Коијала, фински стратег кој токму против Македонија ќе дебитира на клупата на Естонија.
На финалниот список на естонскиот селектор се наоѓаат следните кошаркари: Кристијан Куламае, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Хенри Дрел, Мартин Дорбек, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас,Сим-Сандер Вене, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Кристијан Китсинг и Рауно Нургер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА