Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне верува дека сегашниот состав на Ливерпул ќе биде запаметен како еден од најдобрите во историјата. „Црвените“ вечерва се враќаат на „Ванда Метрополитано“ каде минатата година ја освоија титулата во Лигата на шампионите.
„Сигурен сум дека составот на Ливерпул ќе има посебно место во историјата. Се работи за фудбалери кои имаат квалитети различни од сите останати. Многу лесно може да го променат стилот на игра, да се прилагодат на било која ситуација и затоа им се воодушевувам“, изјави Симеоне.
Првиот осминафинален дуел од двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул се игра вечерва од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

