Сон дал два гола со скршена рака, но сега ќе мора да паузира

Жозе Мурињо се соочува со нов огромен проблем откако по Хари Кејн остана без уште еден клучен фудбалер во нападот на Тотенхем. Хеунг Мин Сон беше херој на неделниот меч со Астон Вила постигнувајќи два гола во победата од 2-3 на „Вила Парк“, за денеска да биде обелоденето дека херојството било уште поголемо – бидејќи Кореецот го играл натпреварот со скршена рака.

Сон се здобил со скршеница на самиот почеток од натпреварот, остана на теренот до самиот крај, во судиското продолжение постигнувајќи го и голот за победа.

Сепак, проблемот не е нималку наивен, па Тотенхем денеска објави дека Кореецот мора да замине на операција. Хируршкиот зафат ќе значи и пауза од најмалку десет дена, што значи дека Мурињо нема да може да смета на Сон за првиот меч од ЛШ против Лајпциг, како и на претстојното премиерлигашко дерби против Челси.

Се вчитува...