Србија без селектор, Перуничиќ си поднесе оставка

Репрезентацијата на Србија не успеа да ја мине првата фаза од ЕП 2020, губејќи ги сите три натпревари во групата А против селекциите на Белорусија, Хрватска и Црна Гора. По ваквиот катастрофален ефект, сосема очекувана е оставката што си ја поднесе селекторот Ненад Перуничиќ, која денеска беше прифатена од раководството на Ракометната Федерација на Србија.

„Јас мојата оставка ја понудив уште на Европското првенство, јасно беше дека не ја исполнив зацртаната цел. Уште на почетокот им соопштив на челниците на федерацијата дека не може да се врземе со четиригодишен договор, дека целта ми е да сменам некои работи или нема да останам на функцијата. Поразот од Црна Гора, со кој ги загубивме шансите за вториот круг, беше многу болен и за мене и за ракометарите“, изјави Перуничиќ.

Српската Ракометна Федерација ќе ја прифати оставката на Перуничиќ на следниот состанок на Управниот Одбор, со што и официјално ќе стартува потрагата по нов селектор.

Се вчитува...