Халанд го „копира“ Роналдо за да стане најдобар на светот

Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд е вистински хит во светот на фудбалот. 19-годишникот постигна два гола на мечот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, со што на Борусија Дортмунд и донесе водство од 2-1 по првиот осминафинален дуел во ЛШ. Неговиот татко Алфи Халанд откри дека неговиот син ја „копира“ исхраната на Роналдо како би станал најдобар во светот.

„Патрис Евра му зборуваше за тоа како Роналдо се храни. Ерлинг сега се обидува да го копира Роналдо, како би станал најдобар во светот. Засега тоа одлично оди“, изјави Алфи Халанд. 

Диетата која го направи Роналдо вистинска машина е навистина интересна. Тој јаде шест различни оброци дневно кои најчесто се состојат од паста и пилешко, поради посакуваната мешавина на протеините и јаглехидратите.

Се вчитува...