Американскиот инвестициски фонд „Силвер лејк“ ќе вложи 369 милиони фунти во Манчестер Сити како би можел клубот без проблеми да функционира во следните две години. „Граѓаните“ минатиот петок од УЕФА добија забрана за учество во Лигата на шампионите во следните две години поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Загубите кои што ќе ги има клубот поради неучество во елитното натпреварување се околу 160 милиони фунти по сезона, но со новата спонзорска инјекција од 369 милиони, „граѓаните“ нема да имаат проблеми околу финансиите.
Уште една одлична вест за клубот е таа што новиот договор со компанијата за спортска опрема „Пума“ ќе биде вреден 65 милиони фунти по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

