Селекторот на кошаркарската репрезентација, Алекандар Тодоров, пред вечерашниот тренинг го објави списокот од 12 кошаркари за утрешниот дуел против Естонија.
Од петнаесетмината кои тренираа од стартот на подготовките отпаднаа младите Филип Бакоч, Виктор Ефремовски и Марко Миловановиќ, кои нема да патуваат ниту за гостувањето од второто коло против Русија.
Добра вест за „црвено-жолтите“ е што Андреј Магдевски го надмина проблемот со скочниот зглоб и тренираше вечерва. Ненад Димитријевиќ поради болка во мускулот ќе го пропушти последниот тренинг, но ќе биде во составот за дуелот со Естонците.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија од првото коло во квалификациите за Евробаскет 2021 ќе се игра утре со почеток во 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА