Вернер флертува: Ливерпул е најдобар тим во светот

Тимо Вернер го постигна голот за победа на Лајпциг на гостувањето против Тотенхем во осминафиналето од ЛШ, по што германскиот репрезентативец почна да „флертува“ со Ливерпул. „Црвените“ не кријат дека се заинтересирани да го доведат Вернер во летниот преоден рок, а судејќи според изјавата на голгетерот, и тој самиот е загреан за преселба на „Енфилд Роуд“.

Знам дека Ливерпул моментно го има најдобриот тим во светот, за мене е шест што сум поврзуван со овој клуб. Задоволен сум, но знам дека во Ливерпул има многу добри фудбалери. Јас морам напорно да работам, да напредувам и да научам многу нови работи за да стигнам до нивото за да можам да играм за Ливерпул“, изјави Вернер.

Јирген Клоп не крие дека е голем фан на Вернер, а во прилог оди и фактот дека во договорот на голгетерот со Лајпциг има клаузула што го прави достапен за трансфер за 60 милиони евра, но која мора да биде активирана најдоцна до месец април.

Се вчитува...