Македонија ќе биде сериозно ослабена на неделниот меч од второто коло против селекцијата на Русија, откако Ненад Димитријевиќ отпадна од комбинација за настап на оваа средба.
Младиот плејмејкер се мачеше со повреди за време на репрезентативниот собир, реши да стисне заби и да настапи против Естонија, но сепак е донесена одлука тој да не патува за Перм.
„Нема да бидеме комплетни, ќе мораме да играме без Димитријевиќ, а најверојатно нема да повикуваме замена за него бидејќи веќе се извадени авионските карти, а летот е рано наутро“, изјави селекторот Тодоров на вечерашната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА