Ајнтрахт Франкфурт го совлада Салцбург со 4-1 во првиот меч од 1/16 – финалето во Лигата на Европа, а на трибината каде се наоѓаат најжестоките фанови на клубот осамна транспарент „Fuck UEFA“. Покрај тоа на тапет беше и спонзорот на противничкиот тим, Ред Бул.
УЕФА го казни Ајнтрахт Франкфурт со 20.000 евра за кореографија што ја направија навивачите на претходниот европски натпревар, а ултрасите одговорија уште пожестоко, со нов „поздрав“ за УЕФА. Ова сигурно ќе донесе и уште пожестока казна за клубот во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА