Најскапиот фудбалер на светот Нејмар по шест години конечно ќе игра во реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите и нема да присуствува на роденденот на сестра му.
Бразилецот минатите шест години константно беше повреден и не настапуваше за Барселона и Пари Сен Жермен во март месец кога е роденден на неговата сестра (11. март). Секогаш во истиот период имаше проблеми со повреди или суспензија, а одморот го користеше како би присуствувал на на карневалот во Рио и на роденденот на неговата сестра. На роденденските забави можеше да се види дека Нејмар е опуштен повеќе од потребното, но сепак поминуваше без казни од клубовите во кои настапуваше.
Сепак, по шест години тој во март месец конечно ќе му биде на располагање на тимот и нема да биде дел од карневалот во Рио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА