Црвена Звезда одигра храбро против актуелниот шампион во Евролигата ЦСКА Москва, но тоа не беше доволно бидејќи Русите заминаа од Белград со триумф од 81-86. Првото полувреме беше егал, домаќините по десет минути имаа минимална предност од еден поен, разлика која ја задржаа до крајот на полувремето на кое се замина со резултат (37-36).
Клучна во натпреварот беше третата четвртина која гостите од Москва успеаја да ја добијат со осум поени разлика и пред последниот период да заминат со предност од 53-60. Во последниот период го контролираа резултатот и успеаја да ја запишат седумнаесеттата победа сезонава.
Мајк Џејмс со 29 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Дениел Хакет натпреварот го заврши со 19 поени. Кај „црвено-белите“ Били Берон уфрлија 15 поени, додека Кевин Пантер мечот го заврши со 12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА