Атлетичарката од Венецуела, Јулимар Рохас го урна рекордот во трискок во сала. Таа на митингот во Мадрид успеа да прескокне 15.43 метри што е скок за нов светски рекорд во сала и второ најдобро остварување во историјата на оваа дисциплина.
Таа со овој резултат го урна достигнувањето на легендарната Русинка, Татјана Лебедева која во 2004 во Будимпешта успеа да скокне 15.36 метри. Предизвик за Рохас останува уште светскиот рекорд на Инеса Кравиц од Украина кој изнесува 15.50 метри, а беше поставен во далечната 1995 година во Гетеборг.
За потсетување младиот Швеѓанец, Арманд Дуплантис два пати за една недела го урнуваше рекордот во скок со стап. Почетокот на атлетската година ни донесе многу возбудувања, а вистинскиот спектакл се очекува да го видиме на ЛОИ во Токио.
Making 15.43m look easy.
Yulimar Rojas in full flow on her way to breaking the triple jump world indoor record?
— World Athletics (@WorldAthletics) February 21, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА