Наполи успеа да направи пресврт на гости против Бреша и да слави со 1-2, а Елиф Елмас повторно беше во стартниот тим на Џенаро Гатузо. Италијанскиот стратег вели дека спие многу малку откако станал тренер на „наполитанците“.
„Барселона? Оставете ме да одморам барем уште еден ден. Знам дека ќе играме против еден од најсилните тимови во Европа. Но, и ние влеговме во посакуваниот ритам. Понекогаш ги прашуваме повозрасните колеги, добро, како се „борите“ со сонот, јас едноставно немам мирна вечер и не можам да заспијам откако сум тренер на Наполи. Тие велат дека ќе ми помине со текот на времето, но кај мене се уште трае“, објасни Џенаро Гатузо.
Наполи во вторник ќе ја пречека Барселона на „Сан Паоло“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА