Крауч: Мислев жена ми се јавува од „Брит Авордс“, а тоа Жозе Мурињо ме побара да дојдам во Тотенхем

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч одамна е во пензија, но неодамна добил повик од Жозе Мурињо да се реактивира и да му помогне на Тотенхем во решавање на напаѓачката криза по повредите на Хари Кејн и Хјонг – Мин Сон. Португалецот нема опции во нападот, единствено Лукаш Моура може да игра како „лажна деветка“, па му се јавил на Крауч. Претходно имале конверзација на социјалните мрежи, но сето тоа претставувало шега. Сепак, потоа Жозе Мурињо и официјално му се јавил на Крауч со понуда да се реактивира во дресот на Тотенхем.

„Ми ѕвонеше мобилниот телефон и кога погледнав видов дека е анонимен повик. Помислив дека сопругата Аби ми се јавува од Брит Авордс, но тоа беше Жозе Мурињо. Се смееше тој, се смеев јас, а Жозе ми рече…„Ајде, Питер, потребен си ни. Не мислев дека е сериозен, но набрзо сфатив дека тоа е сепак понуда. не можев да ја прифатам, затоа што ќе ми биде сепак потребен подолг период за повторно да се вратам во ритам и да се подготвам физички за настап во Премиер – лигата“, откри Питер Крауч.

Тотенхем денеска гостува на „Стемфорд бриџ“ и ќе се обиде да го заборави поразот на домашен терен од Лајпциг (0-1) во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

Се вчитува...