Хрватот, Филип Зубчиќ е сензационален победник на велеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп која се одржа во јапонскиот Јузава Наеба. Тој триумфираше благодарение на одличното второ возење откако по првата трка беше на 12. позиција. За него ова е прва победа на трките од Светскиот куп во кариерата, а за Хрватска е историски ден бидејќи тој е првиот скијач од оваа држава кој слави на трка од највисокиот ранг, а да не е од семејството Костелиќ. Тој ја носи првата хрватска победа во велеслалом во машка конкуренција воопшто.
Вторто место му припадна на Швајцарецот Марко Одермат, а трет беше Американецот, Томи Форд. Словенечкиот скијач Жан Крањец кој денеска беше деветти го задржува водството во велеслалом пред Норвежанецот, Хенрик Кристоферсон, кој ја зазеде петтата позиција иако беше водечки по првата трка. Следуваат Алекси Пинтуро и Филип Зубчиќ на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА