Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо денеска ќе одбележи голем јубилеј, ќе стане „господин 1.000“ и ќе го одигра мечот „број 1.000“ во професионалната кариера. „Старата дама“ му гостува на СПАЛ во Ферара, а во фокусот е големиот голгетер кој после настапите во Премиер – лигата и во Ла Лига во свој стил ја освојува и Серија А.
Роналдо најмногу натпревари има одиграно за Реал Мадрид, вкупно 292 и во периодот од 2009 до 2018 година постигна 311 гола. Претходно имаше 196 настапи и 84 гола за Манчестер Јунајтед, а кариерата ја почна во Спортинг Лисабон. Од 2018 година е во дресот на Јувентус и на 51 натпревар досега има постигнато 41 погодок.
Кристијано Роналдо и на денешниот меч со СПАЛ има голгетерски предизвик, доколку ја затресе противничката мрежа ќе ги достигне Фабио Квалјарела и Габриел Батистута кои имаа забележано серија на постигнати голови на 11 последовни меча во италијанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

