Шпанскиот гигант Реал Мадрид нема да инсистира на трансферот на Пол Погба ниту следното лето, тврдат медиумите на Пиринеите. Тренерот Зинедин Зидан имаше голема желба да го доведе сонародникот на „Сантијаго Бернабеу“, но Манчестер Јунајтед бараше преголема отштета, а полека шефот на стручниот штаб на „кралевите“ се олади.
Во фокусот на Зинедин Зидан сега е младиот играч за врска на Рен, Едуардо Камавинга, кој со 17 години е стандарден во сениорскиот тим и игра неверојатно зрело. Тој ќе стане полнолетен на 10 ноември 2020 година, што значи дека „кралскиот клуб“ би можел да го ангажира во следниот зимски преоден рок. Неговата вредност во моментот е околу 60 милиони евра и Реал Мадрид сака предвреме да го договори трансферот, затоа што сигурно Камавинга со текот на времето ќе стане уште поскап. Оттаму сега трансферот на Пол Погба кој треба да се случи на лето е ставен во втор план.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

