Дарко Чурлинов дебитираше за Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го имаше официјалното деби за Штутгарт во Втората Бундес-лига. Во денешниот триумф (2-0) над Јан Регенсбург, Чурлинов влезе во игра од клупата за резерви и одигра дваесетина минути.

Штутгарт славеше со головите на Даниел Дидави и на Гонзало Кастро постигнати во 58. и во 59.минута од дуелот.

Чурлинов влезе во убава шанса во 79.минута, но не успеа да го запише првиот погодок за новиот тим.

Се вчитува...