Барселона оствари убедлив триумф над Еибар (5-0) на „Камп Ноу“ и се искачи на првото место на табелата во Ла Лига со 55 бода, два повеќе од Реал Мадрид кој вечерва му гостува на Леванте.
Лионел Меси беше неверојатен и постигна четири гола, а последниот беше дело на Артуро Мело. Аргентинецот го отвори резултатот во 14.минута, а до полувремето стрелаше и во 37. и во 40.минута. Во вториот дел Меси погоди и во 88.минута, а веќе во следниот напад стрелаше и Артур. Новото засилување Мартин Братвајт дебитираше и одигра дваесетина минути, а учествуваше во акциите за последните два гола на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА