Костов играше со две топки и доби црвен картон, Блажевски од пенал во 100.минута донесе триумф на Македонија ЃП (ВИДЕО)

Македонија ЃП со гол од пенал во 100.минута што го реализира Дејан Блажевски славеше против Академија Пандев со 1-0, но дуелот ќе остане запаметен по неверојатниот момент во 66.минута, кога Стефан Костов играше со две топки на теренот. Едната ја имаше во раце и со неа ја удри топката по која трчаше во дуел со противнички фудбалер. За тоа заработи црвен картон, а неговите соиграчи негодуваа на судиската одлука.

 

Марјан Маркоски се повреди, во тие моменти судеше четвртиот судија Благојче Ралевски, а во финишот не успеа да види и дека Бојан Најденов играше со рака во шеснаесетникот. Сепак, по консултации со првиот судија Марјан Маркоски, беше досуден пенал, а во гол и победа во 100.минута го претвори Дејан Блажевски.

Претходно, двете екипи ја гаѓаа рамката од противничкиот гол. Томе Китановски го погоди дирекот со шут од 25 метри во 32.минута, а во вториот дел Кристијан Костовски ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП. Во финишот уште еднаш се затресе гредата од голот на Чубраковиќ, шанса за Академија Пандев имаше и нововлезениот Ндуе Мујеци, а на крајот сепак славеа „лавовите“.

Се вчитува...