Пари Сен Жермен го совлада Бордо со 4-3 на „Паркот на принцовите“ во дуел со многу шанси и голови. На крајот бодовите сепак останаа за „светците“, а во финишот црвен картон заработи Бразилецот Нејмар.
Хванг во 18.минута донесе водство за Бордо, но само седум минути подоцна израмни Единсон Кавани постигнувајќи го 200. гол во дресот на ПСЖ. Маркињос направи пресврт за 2-1, но потоа голманот Серхио Рико направи неверојатна грешка, при дегажман го погоди пред голот противничкиот играч Пабло и одбиената топка ја затресе мрежата.
Маркињос и Мбапе во вториот дел донесоа 4-2 за ПСЖ, а Рубен Пардо го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА