Бразилецот Родриго без конкуренција ќе беше победник ако се доделуваше награда за „најглупав начин да се пропушти Ел Класико“. Тој викендов настапуваше за младинскиот тим на Реал, заработи бизарен црвен картон на дуелот со „фенерџијата“ Сансе, а со оглед на фактот дека суспензијата му се пренесува и за настап во првиот тим, јасно е дека бразилскиот суперталент нема да може да настапи следниот викенд против Барселона.
Што се случи?
Родриго тргна во соло-продор и успеа да постигне гол, а кога противничкиот голман протестираше што младиот играч на Реал не ја исфрлил топката во аут (бидејќи еден фудбалер на Сансе се жалел на повреда), младиот Бразилец почна со детски провокации.
Судијата го забележа тоа и му покажа жолт картон на Родриго, втор за него, што значеше и автоматско исклучување и суспензија од еден натпревар.
Вистинска штета, бидејќи во ситуација кога Азар пак се повреди, младиот Бразилец сигурно ќе се најдеше на списокот за големото дерби, можеби и ќе настапеше на дуелот со каталонскиот гигант.
Rodrygo solo goal with Castilla and being sent off after responding to goalie provocation (goalie didn’t get a yellow)pic.twitter.com/mySTllDrdG
— RM Play ▶ (@RMPIay) February 23, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

