Нападот на Манчестер Сити ќе биде значително засилен за утрешниот дуел со Реал Мадрид откако Рахим Стерлинг доби зелено светло од лекарскиот тим на „граѓаните“ за да настапи на „Сантијаго Бернабеу“.
Англискиот репрезентативец поради повреда ги пропушти последните средби на „граѓаните“, но успеа да се рехабилитира навреме за настап на дуелот од Лигата на шампионите. Тој вечерва тренираше без проблеми, па се очекува да се појави во стартниот тим на утрешниот натпревар во Мадрид.
За разлика од него, Лирој Сане вечерва тренираше со остатокот од тимот, но Гвардиола и лекарите проценија дека е преголем ризикот тој на еден „голем меч“ да се врати по тешката повреда на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

