Челси доживеа убедлив пораз (0-3) на „Стемфорд бриџ“ од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот Франк Лампард признава дека неговиот тим бил надигран во сите сегменти и не го крие разочарувањето од резултатот.
„Тоа е Лигата на шампионите. Мислам дека дел од фудбалерите и како да не беа подготвени. Баерн Минхен одигра фантастично, а ние немавме самодоверба, да ја земеме топката и да наметнеме наша игра. Разочарани сме секако, но добро е да се знае колку Челси во моментов е далеку од најдобрите европски екипи. Има огромен квалитет во составот на Баерн Минхен, Левандовски, Милер, Боатенг, Нојер, Алаба, тоа се играчи кои долг период се во клубот и имаат огромно искуство во ЛШ. Ние останува подобро да се подготвиме за реваншот и да се обидеме да одиграме многу подобро“, изјави Франк Лампард.
Реваншот е закажан за 18 март на „Алијанц арена“ во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

