Натпреварот меѓу Интер и Лудогорец од Лигата на Европа ќе се игра пред празни трибини, но денеска беше обелоденето дека влезот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде забранет и за новинарите што сакаа да известуваат за овој меч.
Интер вчера објави дека нема да се одржи ниту задолжителната прес-конференција на Антонио Конте, а новинарите ќе немаат никаков пристап до фудбалерите и тренерите на двата тима, поради страв од евентуално ширење на вирусот.
Донесена е одлука на „Џузепе Меаца“ покрај официјалните лица на двата клубови, да се најдат само уште камерманите кои ќе помогнат за вршење на директен пренос од средбата. Одлуката заеднички ја донеле челниците на Интер и на Лудогорец, а истата била поддржана и од УЕФА.
Мечот меѓу Интер и Лудогорец ќе се игра утре со почеток од 21 часот. „Нероаѕурите“ имаат предност од 2-0 од првиот меч одигран во Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА