Солскјер до крајот на февруари потврдува големо засилување

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед до крајот на февруари ќе го потврди трансферот на одличниот млад фудбалер на Астон Вила, Џек Грилиш. 24-годишникот веќе се согласил на трансфер на „Олд Трафорд“, а Јунајтед до крајот на месецот треба официјално да го потврди ангажманот.

Интерес од двете страни постои бидејќи Астон Вила ќе заработи убава сума на пари од трансферот на Грилиш. Се претпоставува дека „црвени-ѓаволи“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за услугите на фудбалерот.

Грилиш сезонава прикажува одлични партии во дресот на клубот од „Вила парк“. Запиша вкупно 29 настапи во сите натпреварувања на кои постигна девет гола и осум асистенции.

Се вчитува...