Челси го нуди Кепа и 25 милиони фунти за услугите на Јан Облак

Англискиот премиерлигаш Челси ќе го понуди голманот Кепа Аризабалага и 25 милиони фунти за услугите на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. 27-годишниот чувар на мрежата последниве години е еден од најдобрите голмани во светот.

Кепа се соочува со големи проблеми во кариерата откако раскина со неговата девојка и го загуби статусот на првотимец во клубот во Лондон, каде во 2018 година пристигна за рекордна сума за еден голман од 71.6 милиони фунти.

Облак на „Ванда Метрополитано“ пристигна во 2014 година од редовите на португалска Бенфика и оттогаш е број еден на голот на Атлетико Мадрид и еден од најдобрите светски голмани.

Се вчитува...