Жалбата на Манчестер Сити пристигна во Лозана, не се знае колку ќе трае процесот

Жалбата на Манчестер Сити официјално пристигнала потврди Арбитражниот спортски суд во Лозана. Актуелниот англиски шампион се жали на двегодишната суспензија од европските натпреварувања како и на парична казна од 30 милиони евра. Од Судот велат дека не е можно да се предвиди кога ќе заврши целиот процес. Според процедурата на ЦАС во првата фаза треба да има писмени поднесоци од двете инволвирани страни, а потоа арбитражен панел ќе ја сослуша жалбата на Сити.

Манчестер Сити доби казна од УЕФА за прекршување на правилата на Финансискиот фер-плеј во периодот од 2016 до 2020 година. Во првичната реакција, Сити ги отфрли обвинувањата.

Истрагата на УЕФА почна поради пишувањата на германскиот „Der Spiegel“ објавени во ноември 2018 кој тврдеше дека Манчестер Сити ги „пумпал“ маркетиншките договори и со тоа ја манипулирал Европската фудбалска асоцијација.

 

 

Се вчитува...