Зимската пауза на македонската ракометна сцена ќе заврши викендов, за кога се закажани натпреварите од 15. коло во Супер-лигата. Сепак, стартот на вториот дел од сезоната донесе и неочекувани проблеми откако принудно мораше да биде одложен и презакажан дерби-дуелот на оваа рунда, пресметката меѓу Бутел и Охрид.
Причина за тоа е вирус кој експресно се раширил во таборот на Бутел, голем дел од ракометарите на оваа екипа оваа седмица не беа во тренажен процес, па беше донесена одлука наместо викендов, нивниот меч со Охрид да биде презакажан за среда.
Во преостанатите натпревари од ова 15. коло се среќаваат Радовиш – Пролет, Струга – Металург, Пелистер – Работнички и Вардар Јуниор – Металург 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА