Хоџиу и Малец лауреати и на вториот ден од Мавровски Меморијал

Романецот Петрица Хоџиу и Хрватката Ведрана Малец ја потврдија доминацијата на 57. издание на Мавровскиот меморијал. Тие триумфираа и на трките од вториот натпреварувачки ден во нордиско скијање. Овој тандем беше најдобар во машка и во женска конкуренција и на вчерашните трки на 10 километри и на 5 километри.

Кај мажите, Петрица Хоџиу беше првопласиран со време 23:23 минути, Босанецот Ерик Страхиња задоцни 28 секунди, а трет беше Турчинот Омер Ајџичек. Најдобриот македонски нордиец Ставре Јада денеска го освои осмото место.

Во женска конкуренција, неприкосновена беше Хрватката Ведрана Малец, пред Ајсенур Думан од Турција, а третопласирана е Сања Кушмук од БиХ.

Се вчитува...