Раководството на Пролет го засили играчкиот кадар на почетокот од годинава, но истовремено го осигура и останувањето на дел од клучните ракометари во тимот. Иван Џонов и Михаил Аларов потпишаа нови двогодишни договори со клубот од Скопје, во чија младинска школа го изодеа патот кон сениорскиот ракоемт.
Иван Џонов се наметна како еден од најдобрите поливалетнтни ракометари на домашната ракометна сцена. Тој беше дел од генерацијата на младинската репрезентација што стигна до шестото место на СП во Алжир, најдобар пласман на една млада селекција на „црвено-жолтите“ на големите натпреварувања. До ланската сезона Џонов настапуваше како лево крило, но од сезонава покажа дека одлично се снаоѓа и на бековската позиција, постигнувајќи двоцифрен број на погодоци на неколку натпревари.
Одличните игри на Аларов на пивотменската позиција беа доволна препорака за нашиот пивот да се појави на подготовките на сениорската репрезентација за ЕП 2020. Со квалитетот во играта, но и со борбеноста во одбраната, Аларов се наметнува како еден од најдобрите македоснки играчи на својата позиција во Супер-лигата, што беше доволна причина да се договори продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА