Италија е во значителна мера „окупирана“ од коронавирусот, а една од мерките презеде и Џенова, клубот каде настапува најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Дефанзивецот Едоардо Голданига тренира одвоено од тимот како безбедносна мерка од коронавирусот. Тој не чувствува никакви тегоби, ниту пак покажува знаци на болест, но доаѓа од областа Кодоњо, каде има голем број заболени луѓе од коронавирусот.
Тој најверојатно нема да настапи за Џенова на следниот натпревар од Серија А.
Во Италија досега се потврдени 528 позитивни случаи на заболени лица од коронавирусот, а 14 починаа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА