Рома успеа да обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Европа, откако одигра 1-1 на гостувањето против Гент во реванш пресметката од 1/16-финалето. Сето тоа доволно, по триумфот на римјаните од 1-0 на првиот натпревар во Рим.
Гент поведе со погодокот на Давид во 25. минута, но Џастин Клајверт израмни во 29. минута.
Од натамошните натпревари во второто по квалитет европско клупско натпреварување елиминирани се Порто и Аз Алкмар.
Спортинг Лисабон, на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, преку продолженија на гостувањето против Башакшехир ќе се обиде да дојде до осминафиналето во ЛЕ. Башакшехир по регуларниот дел има водство од 3-1, идентично колку и победата на Спортинг Лисабон на првиот дуел.
ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ
Еспањол – Вулверхемптон 3-2 (0-4)
Гент – Рома 1-1 (0-1)
Базел – АПОЕЛ 1-0 (3-0)
ЛАСК – АЗ Алкмар 2-0 (1-1)
Малме – Волфсбург 0-3 (1-2)
Порто – Баер Леверкузен 1-3 (1-2)
Башакшехир – Спортинг Лисабон 3-1 (1-3) – продолженија
- Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА