Шокантна елиминација на Ристовски и Спортинг Лисабон од Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и Спортинг Лисабон доживеаја шокатна елиминација од Башакшехир во 1/16-финалето од Лигата на Европа.

Башакшехир славеше со 4-1 благодарение на голот на Виска од пенал во 118. минута од продолженијата.

Претходно во регуларниот дел Турците се извлекоа со голот на Виска во 92. минута за 3-1, со што ги анулираа оние 1-3 за Спортинг од првиот натпревар.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за португалскиот тим кој безмалку трагично ги завршува натпреварите во Европа.

Се вчитува...