Срамен пораз на МЗТ од Динамик, пропуштена можност за „резервација“ на второто место

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја срамен пораз од 82-84 од последнопласираната екипа во АБА 2 лигата, Динамик, во последниот натпревар од 20. коло во регионалното натпреварување.

„Металците“ дозволија, и покрај фаворитската улога, пораз во израмнет финиш пред се поради лошиот шутерски ден.

Американецот Олуџоби беше најсветлата точка кај МЗТ откако дебитираше со 24 поени и шест скока, додека двоцифрен ефект имаа уште Андреј Магдевски со 14, Дамјан Стојановски со 12 поени и Ѓорѓе Милошевиќ со 11 поени. Во тимот го немаше репрезентативецот Бојан Крстевски, кој поради болест не можеше да им помогне на соиграчите.

МЗТ Скопје и покрај овој пораз останува на втората позиција на табелата со учинок 12-8, односно со една победа повеќе во однос на најсериозните ривали, Широки и Сплит. До крајот на регуларниот дел од првенството остануваат уште две кола, во кои македонскиот првак прво ќе му гостува на Нови Пазар и тоа следниот четврток, а потоа ќе го пречека Ловќен.

Се вчитува...