Англискиот премиерлигаш Челси планира реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Менаџерот Франк Лампард ќе се откаже од дури осуммина фудбалери кои ќе заминат од „Стемфорд бриџ“, а една од неговите желби е Хусем Ауар.
Играчот за врска на Лион е во одлична форма оваа сезона, Лампард во него гледа нов креатор на играта на Челси кој многу често знае да се запише и во листата на стрелците. За Ауар има интерес и од ПСЖ, Јувентус и од Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

